Кошаркарите на ТФТ Скопје вечерва од 19 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Градскиот парк во Скопје, на реванш натпреварот од финалната серија во АБА2 против босанскиот Широки брег со желба за триумф и обезбедување „мајсторка“ на патот кон АБА1 лигата.
ТФТ загуби на првиот натпревар во Широки со 88-69, но само поради лошо одграната последна четвртина, иако македонскиот тим имаше водство во три-четвртини од мечот.
Тренерот Боро Смилковски е свесен дека денеска е вистински тест за тимот кој се подготвени да го поминат.
„Иако имавме сако кратко време, успеавме да корегираме и одредени тактички детали во желба за подобро издание и секако победа. Максимално го почитуваме противникот, но знаеме и сами колку вредиме. Овој натпревар го става карактерот на екипата на тест – нешто што сум сигурен дека ќе го поминеме“, вели Боро Смилковски.
Еден од најдобрите кошаркари на ТФТ, Виктор Ташовски, верува дека со поддршка од трибините може да се победи Широки Брег.
„Секако дека еден загубен меч не значи и крај на серијата. Напротив, имаме сили за пресврт, и верувам дека тоа ќе го покажаме и вечерва на дуелот во Скопје. Посакуваме полна сала и максимална поддршка, да дојдеме до победа и мајсторка во ова финале“ – вели Ташовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
