ТФТ рутински до триумф против Ангели

Кошаркарите на ТФТ стигнаа до петтиот триумф сезонава откако рутински го совладаа „фенерџијата“ Ангели со 78-67.

Првото полувреме помина во егал, а домаќините иако беа фаворити на пауза заминаа само со предност од еден поен (29-28).

Сепак, разликата во квалитет дојде до израз во вториот дел во кој со добро тимот од Тафталиџе до крајот стигна до рутински триумф од 78-67.

Александар Костоски со 21 поен беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Ајзеа Мендерсон заврши со 18 поени.

Се вчитува...