ТФТ Скопје ги дозна датумите и термините за бараж дуелите со Борац Чачак за место во АБА1

Кошаркарите на ТФТ Скопје не успеаја да обезбедат пласман во АБА 1 лигата преку финалето од плеј-офот во АБА 2 лигата, откако и вторпат загубија од Широки Брег, синоќа и во Скопје со тесни 86-87.

Но, шансите за место во регионалното натпреварување не се завршени за ТФТ кој ќе има можност за место во АБА 1 и преку баражот за пополнување на лигата со Борац Чачак, претпоследниот тим во најсилната лига од регионалното натпреварување.

Па, познати се и термините на мечевите од баражот, кој исто така ќе се игра до два добиени натпревари. Првиот меч се игра во Чачак на 7 мај, а реваншот ќе биде во Скопје на 10 мај со почеток од 21 часот. Евентулната „мајсторка“ повторно ќе се игра во Чачак, но терминот за истата дополнително ќе биде одреден.

Се вчитува...