ТФТ Скопје загуби од Рилски спортист на тестот во Самоков

Кошаркарите на ТФТ Скопје загубија на пријателскиот натпревар од бугарски Рилски Спортист во рамките на подготовките за новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига.

Македонскиот тим загуби со 89-77, во натпревар во кој најефикасни кај ТФТ беа Секу Сила со 18 поени, Николов со 13 поени, Митревски со 12 поени и Стојановски со 8 поени.

Иако ТФТ имаше предност и од 17 поени во текот на дуелот кој се играше во Самоков, тренерот Смилковски се одлучи за поширока ротација и минутажа за сите играчи бидејќи веќе утре следува уште една силна проверка против Балкан Ботевград.

Се вчитува...