ТФТ во земјата на чудата – новајлијата до десетата победа во Првата лига

Новалијата ТФТ стигна до десетата победа во сезоната откако во 17. коло славеше против Вардар со убедливи -. „Црно-белите“ успеаа да ја наметнат својата игра, го контролираа скокот и сосема заслужено стигнаа до победата.

На отварањето на натпреварот на двата тима и беше потребно да го најдат напаѓачкиот ритам, а прв кој беше усоешен во таа мисија беше ТФТ, кој преку шутот за три поени поведе со 19-13 по 10. минути игра. Вардар одигра подобро во продолжението од првото полувреме, во момент стигна и на негатива од еден напад преку серијата на тројки на Ивановиќ и Ташовски, но „црвено-белите“ немаа одговор во одбраната под рекетот каде блескаше Амир Смит па новалијата ја задржа предноста на полувремето (43-35).

Одличниот напаѓачки ритам на ТФТ продолжи и во второто полувреме во кое „црно-белите“ преку доминатната игра во противничкиот рекет од минута во минута ја зголемуваа предноста. На истекот на 30. минута таа изнесуваше +20 (70-50), со што избраниците на Смилковски ја осигураа десетата победа во сезоната, а последната четвртина беше само формланост.

Амир Смит со 20 поени и неверојатни 19 скока беше прво име во пбоедничкиот табор, додека кај поразените Џентал Сила заврши со 17 поени.

Се вчитува...