Ти Џеј Шортс е блиску до договор за трансфер во Валенсија, објавуваат шпанските медиуми. Шортс ќе го напушти Панатинаикос и е подготвен да ја продолжи кариерата во шпанскиот тим, каде што ќе го замени Монтеро.
Натурализираниот Македонец потпиша двегодишен договор со грчкиот клуб минатиот јуни, но очигледно е дека нема да остане до крајот. Неговиот трансфер од Париз во Панатинаикос минатото лето се сметаше за еден од најзначајните во Евролигата.
Во тоа време, тој можеше да избере за кој тим ќе игра бидејќи, покрај атињаните, за него се натпреваруваа и Реал Мадрид, Барселона, Ефес, Фенербахче, Олимпијакос, па тој беше кремот на европската кошарка.
Бидејќи минатата сезона им припадна на големиот ривал Олимпијакос, кои ги освоија титулите во Грција и Евролигата, работите малку се променија. Се очекува исходот од преговорите меѓу Шортс и Валенсија наскоро да биде официјален.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
