Тибо Куртоа го пропушта и ЕВРО 2024

Голманот на Реал Мадрид и белгиски репрезентативец Тибо Куртоа им соопштил на клупските челници дека планира да го пропушти претстојното Европско првенство во Германија, пренесува „Марка“.

Шпанските медиуми пренесуваат дека оваа информација се уште не е официјална, но Куртоа наводно им рекол на челниците на мадридскиот клуб дека сака да се фокусира на опоравување од повредата на коленото, која ја заработи уште во август.

Белгискиот голман треба да се врати на терените во мај, а Куртоа смета дека нема да биде подготвен за Европското првенство кое започнува на 14. јуни следната година.

На ЕП 2024, Белгија ќе биде во групата Е со Романија, Словачка и уште една селекција од плејофот.

Се вчитува...