Тиери Омејер го продолжи договорот со ПСЖ

Ветеранот Тиери Омејер и официјално ќе ја чува мрежата на ПСЖ уште една сезона. Искусниот голман потпиша нов договор со ракометниот гигант кој ќе важи до 2022 година. Омејер уште еден шампионат ќе биде активен играч, односно голман, а потоа ќе се приклучи во стручниот штаб кој тогаш на чело ќе го има сегашниот предводник на Вардар, Раул Гонзалез.

Омејер го носи дресот на ПСЖ од 2014 година, а дека ќе брани и по неговата 41 година беше јасно од пред извесно време. По завршувањето на сезоната 2018/2019 Винсен Жерар од Монпелје ќе биде човекот кој ќе го замени Омејер пред голот на „светците“.

Во меѓувреме клубот преговара да го продолжи договоро со уште еден искусен играч, наводно и Даниел Нарсис сака да игра уште една сезона, пред конечно да стави крај на кариерата.

 

Се вчитува...