Тихомир Костадинов стрелец за Злате Моравче… (видео)

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Тихомир Костадинов го постигна својот прв погодок сезонава во дресот на Злате Моравче во словачкиот шампионат.

21-годишниот Костадинов го одигра целиот натпревар за Злате Моравче во пресметката на домашен терен против Земплин во кој неговиот тим загуби со 1-2.

Македонскиот фудбалер стрелаше во 83. минута за израмнување на резултатот, но гостите со погодокот на Шимчак во 91. минута, сепак, успеаја да дојдат до победата.

Се вчитува...