Тиквеш броеше до 46 против Кичево

Тиквеш лесно и убедливо се пласираше во следната рунда од Купот на Македонија откако кавадарчани на домашен терен го декласираа составот на Кичево со убедливи 46-20.

Доминацијата на домашниот состав беше очигледна уште од самиот старт, откако Тиквеш го отвори мечот со 5-1, а нешто подоцна водеше и со 10-3. Резултатот на полувреме гласеше 22-8, тренерот Брестовац во вториот дел го изротира тимот, но и во таква ситуација кавадарчани продолжија да ја полнат мрежата на противникот, на крајот славејќи со убедливи 26 гола разлика.

Темелкоски со осум и Лазов и Коцев со по седум гола ги предводеа стрелците кај победничкиот тим. Кичевци допатуваа со само десет ракометари на овој меч, а најефикасни со по пет погодоци беа Јаковлески и Стефаноски.

Се вчитува...