Тиквеш до убедлив триумф на гостувањето кај Башкими

Фудбалерите на Тиквеш стигнаа и до вториот триумф во исто толку натпревари во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига откако денеска на рутински начин славеа на гостувањето кај Башкими со 0-5.

Водство за гостите од 0-1 донесе Висдом во 36. минута, а до крајот на првото полувреме беше и 0-2 со погодокот на Лавал во 42. минута. Лавал со својот втор гол во 72. минута зголеми на 0-3. Гостите дојдоа и до 0-4 со погодокот на Попзлатанов во 81. минута, додека конечните 0-5 ги постави Ацковски во 88. минута.

Денешната програма во ПМФЛ ќе се затвори со дуелот во Штип во кој Брегалница ќе го пречека Арсими.

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...