Тиквеш ги почна подготовките за новата сезона во ПМФЛ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот фудбалски прволигаш ГФК Тиквеш денеска и официјално ги почна летните подготовки за новата сезона во Првата Македонска фудбалска лига.

На првата прозивка на шефот на стручниот штаб Влатко Костов им се обрати на сите фудбалери кои ги продолжија договорите со тимот. Костов исто така им  се заблагодари на Љамчевски Благоја, Делов Методија и Каракамишев Ристе за минатата сезона во која беа дел од клубот.

Првиот дел од подготовките ќе бидат одработени во Кавадарци, а вториот дел е во план да се одработи надвор од градот каде  ќе се одиграат неколку пријателски натпревари во кои ќе се темпира формата за почетокот на новата сезона.

Од клубот информираат дека моментално се работи на неколку засилувања.

 

Се вчитува...