Тиквеш им се врати на победите со убедлив триумф против „фенерџијата“ Скопје

Тиквеш им се врати на победите во групата „А“ од Суперлигата откако во 13. коло славеше на гостински терен кај „фенерџијата“ Скопје 2020 со 24-42. Кавадарчани важеа за апсолутен фаворит на денешанта средба, а улогата ја потврдија уште од почетокот.

Тиквеш го отвори натпреварот со серија од 8-0 и веднаш го наметна текот на мечот. Кавадарчани одиграа максимално сконцентирано и во нападот и во одбраната па од минута во минута ја зголемуваа предноста за на полувремето да заминат со +11 (9-20). Второто полувреме не донесе промена, напротив гостите продолжија во висок ритам и продолжија да ја зголемуваат позитивата за мирен финиш на средбата.

Со шест голови Пешкирски беше лидер на Скопје, додека него го следеше Стојановски со пет голови. Темелковски беше прво име кај Тиквеш со десет голови, а Мајиќ додаде пет.

Се вчитува...