Тиквеш ја освои Струга

Екипата на Тиквеш триумфираше на гостувањето во Струга победувајќи со 25-31 во 10. коло од Супер лигата, и така кавадарчани стигнаа до деветиот триумф во Супер Лигата.

Уште во првиот дел Тиквеш покажа доминација, и имаше предност по првото полувреме со 15-8. Клучно за победата беше тоа што домашните од 10 до 22 минута не успеаја да погодат во голот на гостите.

Во второто полувреме Тиквеш само ја одржуваше предноста, и успеа во намерата за на крај да дојде до новиот триумф.

Се вчитува...