Тиквеш за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига нема да смета на дури 11 првотимци од изминатата сезона во елитното друштво.
Кавадарчани и официјално се заблагодарија на 11 фудбалери, во насока на комплетна реконструкција на тимот.
„Некои патишта се раздвојуваат, но напорната работа, борбата и убавите спомени што ги оставивте зад вас секогаш ќе останат. Би сакале да изразиме искрена благодарност до нашите играчи,кои го носеа дресот на нашиот клуб со голема посветеност,се бореа на теренот до последната капка пот и додадоа вредност на нашиот грб. Професионализмот,карактерот и придонесите што ги покажаа за нашиот клуб во текот на времето поминато заедно секогаш ќе се паметат со почит. Иако разделбите се дел од суштината на фудбалот, пријателствата што се создадоа и споделените спомени се трајни. Нашите врати секогаш ќе останат отворени за секој играч кој додаде вредност на нашиот клуб. Ви благодариме за вашата напорна работа и ви посакуваме успех на вашето ново патување“ – соопштија од ГФК Тиквеш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
