Тиквеш се засили со Елмас

Фудбалскиот клуб Тиквеш продолжува со засилувањето на играчкиот кадар за новата сезона, а најново име во тимот е младиот офанзивен играч за врска Мухамед Елмас.

20-годишниот Елмас во Тиквеш пристигнува од Македонија Ѓорче Петров, каде што настапуваше во изминатиот период. Станува збор за фудбалер кој најчесто игра како офанзивен играч за врска, но може да одговори и на позицијата десно крило. Неговата посилна страна е левата нога.

Елмас е роден на 31 јануари 2006 година во Скопје, висок е 180 сантиметри, а има и настапи за младата репрезентација на Македонија до 21 година.

Во својата кариера Елмас има настапувано и за Работнички и Гостивар, а во сезоната 2025/26 беше дел од Македонија Ѓорче Петров.

Мухамед Елмас е братучед на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Се вчитува...