ГФК Тиквеш 1930 и официјално го промовираш своето најново засилување – Јован Попзлатанов.
„Среќни сме што промовираме фудбалер со богато прволигашко искуство, лидерски карактер и победнички менталитет, кој ќе донесе дополнителен квалитет, стабилност и енергија во редовите на нашиот тим. Неговото искуство и професионален однос ќе бидат од огромно значење за развојот на младите фудбалери, но и за остварување на целите и амбициите кои клубот ги поставува за претстојната сезона“ – порачаа од ГФК Тиквеш по промоцијата на Попзлатанов.
29-годишниот Попзлатанов кој игра на десната бековска позиција, претходно во кариерата има настапи и за Пелистер, Тетекс, Вардар, Македонија ЃП, Работнички како и за летонска Рига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
