Тиквеш се засили со камерунски напаѓач (ФОТО)

Во финишот на преодниот рок, Тиквеш се засили со камерунскиот напаѓач Барга Нгоба Анаел.

22-годишниот Анаел во Тиквеш доаѓа од редовите на ФК Ал Акдар од Либија кој е негов последен клуб.

Тиквеш лошо ја стартуваше сезоната во Првата македонска фудбалска лига со само еден бод во четири кола, поради што следи и дополнително засилување на играчките редови во битката за опстанок во елитата.

Се вчитува...