Тиквеш се засили со Митков

Екипата на Тиквеш во своите редови го промовираше своето ново засилување. Станува збор за младиот Ќире Митков, кој доаѓа од тимот на Локомотива Градско.

Митков потекнува од фудбалската школа на Тиквеш, а потоа заминува да игра за младинските екипи на Академија Пандев.

Тој е четвртото засилување за кавадарчани после Карчески, Мирковиќ и Ѓурковски.

Се вчитува...