Тиквеш со ново засилување – потпиша и со Гуџуфи

Тиквеш продолжува со потписите на нови засилувања, па кавадаречкиот клуб по ангажманот на Мохамед Елмас вечерва го официјализираше и трансферот на Бесар Гуџуфи.

Младиот фудбалер доаѓа во Тиквеш по потписот на договорот со Партизани од Тирана, а последен клуб во мак-фудбалот му беше Шкупи.

„ГФК Тиквеш со задоволство го претставува Бесар Гуџуфи како ново засилување на црвено-белите!

Млад, талентиран и гладен за успех, Бесар пристигнува во Кавадарци подготвен за нов предизвик и ново поглавје во својата кариера.

Неговото доаѓање е уште еден чекор во нашата визија – да изградиме млад, амбициозен и конкурентен Тиквеш, со играчи кои сакаат да напредуваат и заедно со клубот да достигнат повисоко ниво.

Добредојде во Кавадарци, Бесар! ❤️🤍

Време е за ново поглавје“, објави кавадаречкиот клуб.

Се вчитува...