Фудбалерите на Тиквеш стигнаа и до втората победа во низа во домашниот шампионат откако денеска славеа на гостувањето кај АП Брера со 0-4 во натпревар од 15. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Иван Ивановски во 14. минута. До крајот на првиот дел беше и 0-2 откако во 35. минута прецизно стрелаше во противничкиот гол, Мартин Стојанов.
Во второто полувреме Мартин Стојанов со својот втор гол во 77. минута зголеми на 0-3, додека конечните 0-4 беа дело на Благој Стојчев во 93. минута.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

