Тиквеш во драматичен меч со пресврт го освои Гостивар

Кошаркарите на Тиквеш ја запишаа и петтата победа сезонава, триумфирајќи во 14. коло од Првата македонска кошаркарска лига на гостувањето против Гостивар во драматичен меч со 64-65.

Кавадарчани со пресврт го освоија Гостивар, откако првиот дел комплетно им припадна на домашните добивајќи го со 34-28.

Но, во второто полувреме Тиквеш заигра одлично во одбраната не дозволувајќи му на противникот да ја зголеми предноста. Откако третиот период им припадна на гостите со 12-17, во драматична завршница на крајот, Тиквеш со слободното фрлање на Хил на 12 секунди пред крајот осигура предност од 63-65. Гостивар имаше напад, Елис на три секунди до крајот до прекршок и две слободни фрлања, но искористи само едно за конечни 64-65, не успевајќи на својот тим да му донесе продолжение.

Најдобар во победничкиот тим беше Глигоријевиќ со „дабл-дабл“ од 22 поени и 14 скока, а Хил заврши со 17 постигнати поени. Кај домашните, се издвоија со Соколов со 15 поени и Митевски со 13 поени.

Се вчитува...