Tиквеш вторпат поразен од Бешикташ за крај на европската авантура

Македонскиот ракометен прволигаш Тиквеш ја заврши годинашната европска авантура откако и во вториот меч од ЕХФ купот загуби од турски Бешикташ овојпат на домашен терен во Кавадарци.

По минатонеделниот убедлив триумф на гостувањето во Истанбул од 31-20, кавадарчани загубија и вечерва на домашен терен со 21-23. Иако тимот на Тиквеш имаше предност се до 50. минута од мечот, сепак големиот пад во последните десет минути доведе до тоа Турците да слават и по вторпат.

Балша Цејовиќ со шест гола беше прво име кај Тиквеш, додека кај победникот Али Емре Бабачан постигна седум гола.

Се вчитува...