Тиквеш закажа пријателска со Партизан во Анталија

Екипата на Тиквеш зимава ќе ги мине подготовките во турскиот туристички центар Анталија, а таму ќе одигра неколку контролни натпревари. Кавадарчани на 25. јануари ќе имаат познат ривал за противник. Станува збор за Партизан Белград, кој ќе ја тестира силата на кавадарчани.

Момците на Влатко Костов ќе се подготвуваат во Анталија за пролетниот дел од сезоната во која ќе атакуваат на директниот опстанок во „елитата“.

Засега поголемиот дел од македонски прволигаши потврдија дека ќе одат на подготовки во Анталија. Ренова најверојатно ќе остане во Македонија и ќе се подготвува во Охрид, а неизвесно е за Струга Трим Лум дали ќе замине во Турција, или ќе се подготвува во Анталија. Исто така веројатно и Пелистер ќе се подготвува дома или евентуално ќе одработи дел од подготовките во Охрид.

Се вчитува...