Тим-билдинг: Цела Барса на вечера кај Меси

Барселона фуриозно ја стартуваше сезонава, па кога се случи каталонците на два меча во низа да не триумфираат (реми со Валенсија и со Селта), Лео Меси реши да ги преземе работите во свои раце.

Најдобриот фудбалер на Барса организираше тим-билдинг канејќи ги сите свои соиграчи на вечера во ресторанот „Белависта дел Жардин“, каде Аргентинецот е еден од ко-сопствениците. Како што јавуваат каталонските медиуми, атмосферата била одлична, а резултатите се очекува да се видат веќе в недела, на гостувањето против незгодниот Вилјареал.

Барса моментно се наоѓа на чело на табелата во Примера дивизион со 36 бода, пред Валенсија со 31, Атлетико Мадрид со 30 и Реал Мадрид и Севилја со по 28 бода на своето салдо.

Се вчитува...