Тим преку Руд до осминафинале на Ролан Гарос

Третиот носител на Ролан Гарос, Доминик Тим обезбеди осминафинале откако со максимални 3-0 по сетови (6-4, 6-3 и 6-1) го совлада Норвежанецот Каспер Руд. Во првите два сета гледавме силна борба во која нијансите одлучија двата сета да отидат на страна на Австриецот. Последниот сет беше само рутина за ново осминафинале на грен-слемите за Доминик Тим. Таму Австриецот го чека подобриот од дуелот меѓу Швајцарецот Стен Вавринка и Иго Гастон.

Кај дамите од денешната програма веќе завршија два натпревари. Елина Свитолина со 2-0 (6-4 и 7-5) беше подобра од Русинката Александрова, додека полската тенисерка Свјатек беше подобра од Канаѓанката Еужени Бушар исто така со максимални 2-0 (6-3 и 6-2).

 

Се вчитува...