Тимчик: Максимално позитивно се подготвуваме за мечот со Македонија

Украина ќе биде противник на Македонија во вториот натпревар на Европското првенство. Украинците со сите мисли се кон натпреварот кој в четврток ќе се игра во Букурешт.

Дефанзивецот на тимот, Олександр Тимчук вели дека максимално позитивно се подготвуваме за мечот со Македонија.

„Не ја анализиравме се уште доволно Македонија, но пред денешниот ручек нашиот тренерски персонал ни соопшти неколку важни работи. Гледаме што побргу да го заборавиме поразот од Холандија во првото полувреме и максимално позитивно се подготвуваме за натпреварот со Македонија“, изјави Тимчик. 

За потсетување натпреварот меѓу Македонија и Украина кој ќе се игра во четврток на Букурешт арената е со почеток во 15 часот.

Се вчитува...