Во финалето на Ол-стар викендот, победи тимот на Шекил О’Нил со 41-25 над Глобал Старс. За победничкиот тим играа Кари, Ирвинг, Дурент, Харден, но без Леброн Џејмс кој се повлече пред натпреварот.
Стеф Кари беше прогласен за МВП на настанот. Во финалето постигна 12 поени, но во неколку наврати ја забавуваше публиката со мајсторски потези.
На турнирот учествуваа четири тима: Оригиналните гангстери на Шекил О’Нил, Глобалните ѕвезди на Чарлс Баркли, Младите ѕвезди на Кени Смит и Ѕвездите во подем на Кендис Паркер.
THE STEPH SHOW FROM HALFCOURT 😱😱
🌟 #NBAAllStar Championship LIVE on TNT 🌟 pic.twitter.com/rJNi4ndqt5
— NBA (@NBA) February 17, 2025
Во полуфиналните мечеви избраниците на Шек ги совладаа ѕвездите во подем со 42:35, додека тимот на Чарлс беше подобар во дуелот против Младите ѕвезди со 41:32.
Тимот Шек го отвори финалето со серија од 11-0, со осум поени на Џејсон Тејтум. Бидејќи се играше до 40 поени, веќе беше јасно кој ќе победи на крајот. Никола Јокиќ имаше скромен учинок од само две поени на крајот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА