Тинејџер му ја затвора вратата на Вајналдум на „Камп Ноу“

Џорџино Вајналдум беше мета „број еден“ по доаѓањето на Роналд Куман на клупата на Барселона. Добрата соработка која ја имаа холандскиот тренер и репрезентативецот на оваа држава требаше да продолжи и на „Камп Ноу“, но финансиските проблеми кои го затекнаа каталонскиот клуб го отежнаа овој трансфер.

Гласините за врската помеѓу Вајналдум и Барселона не прекинаа ниту во зимскиот трансфер рок, но Барселона сепак се одлучи да почека со трансферот со оглед на тоа што играчот за врска е во последната година од договорот со Ливерпул и веќе ова лето може да го напушти клубот без обесштетување. Тоа не значи дека Каталонците не треба да го „одврзат ќесето“, триесетгодишниот Холанѓанец е пред последниот „богат“ договор во неговата кариера, па пресудни ќе бидат и финансиите.

Во целата приказна сега се вклучи и 18-годишниот Илаиш Мориба, новото „џудо од дете“ на Барселона кој во последните натпревари го потврди својот потенцијал. Шпанецот на дебито против Алавеш забележа асистенција, добрата партија против Севлија ја круниса со уште една, додека првенецот во каталонскиот дрес го постигна во претходното коло над Осасуна.

Новиот претседател на Барселона, Лапорта е задоволен од настапот на младиот играч, притоа Куман се наоѓа на „стаклени нозе“ на клупата на каталонците, па според последните инфорамции, сега Вајналдум и не е ниту во плановите на шпанскиот состав, а финансиите за 30-годишникот ќе бидат пренаменети за засилувања на одбраната.

Се вчитува...