Тинејџерот Вилок двоен стрелец за Арсенал во ФА купот

Арсенал се пласира во 1/16 – финалето на ФА купот на Англија, совладувајќи го убедливо нисколигашот Блекпул на гости со 0-3. Младиот 19-годишен напаѓач Џо Вилок беше стрелец на првите два гола за „топчиите“, а триумфот го потврди Алекс Ајвоби во 82.минута од натпреварот.

Кристал Палас минимално го победи Гримзби со 1-0, со голот на Јордан Ајев во 87.минута од дуелот. Премиерлигашот Хадерсфилд загуби (0-1) на гости и доживеа елиминација од Бристол сити. Џош Броунхил беше стрелец на погодокот за домашниот тим.

Се вчитува...