Тите го објави стартниот состав на Бразил… на четири месеци пред почетокот на СП

Никогаш не е лесно да се биде селектор на Бразил со толку многу врвни фудбалери што настапуваат ширум светот, но за сегашниот кормилар Тите нема премногу дилеми. Така, селекторот на „кариоките“ на четири месеци пред стартот на СП во Русија го објави составот што ќе истрча на првиот меч од светскиот шампионат.

Само здравје… доколку нема повреди, единаесетмината што ќе почнат во Русија се Алисон, Миранда, Маркињос, Дани Алвеш, Марсело, Паулињо, Кашемиро, Ренато Аугусто, Кутињо, Нејмар и Габриел Хесус“ – изјави Тите за бразилските медиуми.

Како што објави кормиларот на „кариоките“, сигурни на неговиот список на патници за Русија се уште и Вилијан, Фернандињо, Фирмино и Тијаго Силва, а останатите фудбалери ќе се борат за преостанатите осум места во тимот на Бразил.

Само за потсетување, најтрофејната светска репрезентација е дел од групата Е на мундијалот во Русија, заедно со селекциите на Србија, Швајцарија и Костарика.

Се вчитува...