Тивкиот херој на Ливерпул името го добил по легендарниот Владе Дивац

Херојот во сенка на Ливерпул, Дивок Ориџи одговараше на прашања на фановите, а интересен одговор даде во врска со тоа како го добил името. Тој го добил името по легендарниот кошаркар Владе Дивац кој заедно со Дражен Петровиќ се првите кошаркари од југословенските простори кои заиграа во НБА.

„Името го добив по легендарниот Владе Дивац. Моите родите беа негови големи фанови. Тие неговото презиме малку го прилагодија и ја го добив името Дивок“, изјави Ориџи. 

Дивок Ориџи минатата сезона беше херој на Ливерпул во освојувањето на Лигата на шампионите, откако прво беше стрелец на одлучувачкиот гол во полуфиналниот двомеч со Барселона, а потоа стрелаше и во големото финале.

Се вчитува...