Тоа е љубов кон клубот – Пике ќе прави „ревизија“ на договорот со Барса

Барселона едвај се снајде со финансиските потешкотии со кои се соочи оваа сезона, но маките на каталонците се далеку од завршени. Клубот ќе мора да прави драстични промени со цел да ја „преживее“ и следната сезона, а една од нив ќе биде и намалување на богатите примања на играчите.

Еден од оние кои сака да му искочи во пресрет на својот клуб е Жерар Пике, шпанскиот репрезентативец кој прифатил „ревизија“ на неговиот договор со дел да му помогне на клубот чии бои ги брани од 2008 година.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, 34-годишникот е подготвен да прифати клаузула со примања само за натпреварите на кои ќе настапи следната сезона, нешто што клубот ќе се обиде да им наметне и на останатите играчи.

Се вчитува...