Тоа е убавината на фудбалот: Фан на Монако носи дрес со името на Бартра (ВИДЕО)

Бомбашкиот напад на автобусот на Борусија Дортмунд, кој синоќа се случи во пресрет на дуелот со Монако во Лигата на шампионите, го потресе целиот фудбалски свет. Но, се чини дека уште повеќе ги сплоти фановите на овие две екипи кои испратија неколку прекрасни пораки за вистинската убавина на фудбалската игра. По одложувањето на мечот за денеска, со почеток во 18.45 часот, навивачите на Борусија Дортмунд покажаа доблест и ги поканија фановите на Монако во своите домови, обезбедувајќи им преноќиште во Дортмунд.

А фановите на Монако покажаа вистинска загриженост за фудбалерите на Борусија Дортмунд, пред се за повредениот Марк Бартра. Денеска дел од навивачите на Монако веќе носат дресови на својот клуб, но со името на Марк Бартра и неговиот број „5“, во знак на поддршка, посакувајќи му брзо за заздрави по операцијата на раката.

Се вчитува...