Тоа го може само Челси: Пропуштија можност да го купат за 50 милиони, а сега ќе даваат 80

Во Шпанија се појави веста дека Жул Кунде може да ја напушти Барселона и да се пресели во Челси. Дефанзивецот мина само една сезона на „Ноу Кам“ откако дојде од Севилја, и сега веднаш може да замине од клубот. Наводно на Кунде не му се допаднал фактот што Барселона го планира како десен бек, наместо како стопер.

Затоа во игра влегуваат лондонските „сини“ кои и пред да премине во Барселона беа заинтересирани за Кунде, но тогаш одбија да платат 50 милиони евра, сума за која замина во Барселона. Сега Челси е подготвен да плати 80 милиони за да го добие потписот на Кунде.

Французинот би можел да биде и решение на проблемите на Барселона со трансфери, односно со плати, па така ако се „ослободи“ од Кунде, ќе може без проблем да го ангажира Лионел Меси, иако уште неколку играчи ќе ја напуштат Барса во летниот преоден рок.

Се вчитува...