Тоа не го може ни Чупо Мотинг – неверојатно промашување на Лаказет

Арсенал со предност од 3-1 против Валенсија ќе патува на реваншот во Шпанија. Стрелец за Арсенал во два наврати во првото полувреме, во 18. и во 26. минута, беше Лаказет, кој пропушти да постигне хет-трик откако во 67. минута еден на еден со голманот на гостите Нето  не успеа да реализира чиста шанса.

Сепак на крајот со голот на Обамејанг во 91. минута, тимот од Лондон стигна до убава предност, пред реваншот кој следната седмица ќе се игра на „Месталја“.

Се вчитува...