Тодор Тодоровски продолжува во Србија

Младинскиот репрезентативец Тодор Тодоровски од следната сезона ќе го носи дресот на српскиот клуб Раднички Ниш. 22-годишникот кој во 2019 година од Вардар премина во редовите на Осјек по едногодишната позајмица во Шибеник се одлучи да ја промени средината.

Десниот бек минатата сезона одигра дваесет натпревари за хрватскиот прволигаш, меѓутоа се одлучи да го раскине договорот, но сепак да остане на интернационалната сцена.

Пред интернационалните предизвици Тодоровски во домашното првенство покрај Вардар ги бранеше и боите на 11. октомври, Кожуф и Металург.

Се вчитува...