Тодороски стрелаше во победата на ТСЦ

Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски, беше стрелец на гол за ТСЦ во победата над Напредак Крушевац од 4-1 на домашниот тим. Тодороски погоди уште во 2. минута од средбата, и го отвори резултатот.

Тодороски играше до 77. минута кога излезе од игра. За гостите од Крушевац играше Никола Богдановски, додека Милош Тошески влезе во игра во 59. минута од средбата.

За него ова беше четврти гол во шампионатот на Србија оваа сезона.

Голот на Тодороски може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...