Не е срамота да се загуби од Црвена звезда, но кога тоа ќе биде изразено со 39 поени разлика, и тоа откако „црвено-белите“ ја одиграа цела последна четвртина со резервите, јасно е дека во МЗТ Скопје работите се одвиваат далеку од посакуваната работа. Александар Тодоров и на прес-конференцијата по овој натпревар повторно ги критикуваше своите кошаркари за пристапот, не криејќи дека очекувал повеќе против актуелниот првак на АБА-лигата.
„Ни многу подобри екипи од нас не можат да се надеваат на победа во оваа сала, намерно го избравме токму овој момент за да направиме одредени промени во ростерот. Сепак, не верував дека ќе излземе на теренот со таква малодушност против екипа што игра во Евролигата. Ни во најлошиот сон не можев да замислам дека натпреварот ќе заврши со 39 поени разлика, особено бидејќи домаќините второто полувреме го одиграа. Мене ми е срам“ – изјави Тодоров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА