Тодоров со Левски Лукоил до титулата во Бугарија

Поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Александар Тодоров, оствари огромен успех како дел од стручниот штаб на Левски Лукоил, закитувајќи се со шампионската титула во Бугарија, по триумфот од 3-1 во финалната серија против својот поранешен клуб Балкан од Ботевград. Тодоров пристигна во Левски Лукоил по фузијата на двата бугарски прволигаши како дел од стручниот штаб на Тити Папазов, помогна тимот да ја надмине резултатската криза, па денеска да се закити и со ввториот трофеј, по оној освоен во БИБЛ-лигата.

Откако го загуби првиот меч на домашен терен, Левски Лукоил успеа да триумфира три пати во низа, од кои последните два меча ги доби на гостувањата во Ботевград. Денешниот дуел мина во голема и израмнета битка, за гостите од Софија на крајот да триумфираат со 85-86 со поените на Аврамов постигнати на една минута до крајот. Балкан имаше три шанси да го добие овој меч, домашните кошаркари не успеаја да постигнат поени и ја загубија финалната серија со 1-3.

Аврамов со 18 поени беше прв стрелец на Левски Лукоил, еден повеќе од Гудул, додека најдобар стрелец на Балкан на денешниот натпревар беше Захариев со 26 поени.

Се вчитува...