Тодоровски го продолжи договорот со Заглебје

Поранешниот македонски репрезентативец Александар Тодоровски останува во Полска продолжувајќи го договорот со досегашниот свој клуб Заглебје Лубин.

На 33-годишниот Тодоровски во јануари му заврши досегашниот договор со полскиот прволигаш, но доби понуда за нов па се одлучи да потпише продолжување на истиот до крајот на јуни оваа година.

„Среќен сум што и натаму останувам во Заглебје. Задоволен сум во овој клуб и верувам дека до крајот на сезоната ќе успеам да му помогнам да стигнеме до зацртаните цели, обезбедување место во Лигата на Европа“ – истакна Тодоровски по потпишувањето на новиот договор.

Тодоровски претходно во својата кариера настапуваше за белградски Рад, за австриски Штурм како и за полскиот прволигаш Полонија Варшава.

Заглебје Лубин, по есенскиот дел од првенството во Полска, е на петтото место со 32 бода, шест помалку од водечката Легија Варшава.

Се вчитува...