Тодоровски и Боби Целески по 27 години и донесоа шампионска титула на Теута во Албанија

Македонските интернационалци Баже Тодоровски и Боби Целески слават со својата Теута од Драч откако се закитија со шампионската титула во Албанија.

Поранешниот фудбалер на Работнички и Шкендија, Тодоровски како и поранешниот македонски младински репрезентативен голман и член на Македонија ЃП, Боби Целески, во крај драматичниот финиш на албанското првенство стигнаа до шампионскиот трофеј по денешната убедлива победа од 6-1 во последното коло против Аполонија Фиер.

На крајот Теута заврши со ист број бодови со Влазнија од Скадар, но поради подобрата гол-разлик на крај дојде до толку посакуваната шампионска круна која чека цели 27 години.

„Ова е уште една извонредна година на клупски план. По освоените Куп на Албанија и Суперкупот минатата година, сега се закитивме со шампионската титула. Мојата цел низ следната сезона е стандардно да продолжам на голот на клубот, секако, како и секој поединец, со отворена желба и за идни репрезентативни настапи“ – ни изјави Боби Целески по освоената круна со Теута.

Во редовите на Влазнија, пак, настапуваат и тројца македонски интернационалци, Адили, Имери и Исаевски.

Се вчитува...