Тодоровски: Многу важна победа пред патувањето во Рига

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар одбраната на титулата ја почна со победа од 2-0 над штипска Брегалница во премиерниот меч за двата тима во 35. сезона во Првата фудбалска лига на Македонија.

По мечот фудбалерот на Вардар Димитар Тодоровски ги сумираше впечатоците…

„Многу важна победа пред патувањето во Рига. Ги поправивме грешките од последниот натпревар и внесовме нови и свежи играчи. Важно е да се почне новата сезона со победа во домашниот шампионат“, изјави Тодоровски. 

Се вчитува...