Минатото лето, Флоријан Вирц стана еден од најскапите фудбалери во историјата. Ливерпул ја победи конкуренцијата и го доведе напаѓачот на Баер Леверкузен и германската репрезентација за 125 милиони евра.
Така, англискиот шампион го направи 22-годишниот Вирц петтиот најскап фудбалер во историјата, по Жоао Феликс, Александар Исак, Килијан Мбапе и Нејмар. Вирц беше голема желба на Реал, Манчестер Сити и Баерн, а фактот што Ливерпул успеа да го доведе се смета за голема победа за тој клуб на пазарот.
Соодветно на тоа, колку Ливерпул плати за германскиот феномен, се очекуваа негови игри на тоа ниво. Сепак, три месеци и осум натпревари во Премиерлигата и Лигата на шампионите подоцна, Вирц стана мета на навреди.
Асот, кој во 197 настапи за Баер постигна 57 гола и асистираше на 65 гола, нема ниту гол ниту асистенција во првите осум натпревари за Ливерпул. По седум натпревари со ниикаков учинок, Вирц беше наречен агент „007“ на социјалните мрежи.
По уште една бледа игра, во поразот од Галатасарај (1-0) во Лигата на шампионите, ознаката „008“ за германската ѕвезда стана вирална.
Вирц беше во првиот тим на Ливерпул во сите натпревари од Премиерлигата и ЛШ, освен градското дерби против Евертон кога влезе во игра половина час пред крајот, и одигра најмалку 74 минути. Но, се уште нема ништо од него. Освен за неговата стерилност, тој е критикуван за неговата спорост и фактот дека лесно губи дуели, особено во Премиерлигата.

И против Галатасарај во ЛШ загуби девет дуели, најмногу во еден натпревар. Имаше и три изгубени топки и само еден успешен дриблинг од три обиди.
Играчите платени како Вирц се гледаат низ призмата на огромни очекувања, па затоа поповршните следбеници на фудбалот се склони да го прогласат младиот Германец за неуспешен веќе сега. Треба да се нагласи дека пред помалку од година и пол, Вирц го „однесе“ Баер до двојната германска круна и финалето на Лигата на Европа со 18 гола и 20 асистенции во сезоната.
Неговата експлозија во Ливерпул сè уште се чека, но сега со помалку трпение отколку порано бидејќи „црвените“ загубија два натпревари по ред по одличниот почеток на сезоната. Затоа Вирц, кој досега игра лошо за Ливерпул, е под уште поголем притисок да докаже дека вреди за богатството платено за него.
И тој има идеална шанса да се „оправда“ веќе во сабота, на гостувањето на Ливерпул кај Челси. А, следната шанса ќе ја има по репрезентативната пауза во големото дерби со Манчестер Јунајтед на 19 октомври на „Енфилд“.
Florian Wirtz for Liverpool.
9 games
0 goals
1 assist150M. pic.twitter.com/in75B1ikuq
— StatMuse FC (@statmusefc) September 30, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

