Толисо тргна во тоалет, судијата се збуни – како Баерн остана со 12 играчи

Германската јавност се уште е во шок по големиот судиски пропуст во финишот од мечот меѓу Фрајбург и Баерн, кога краток период баварскиот гигант настапи со 12 фудбалери на теренот.

Тренерот Нагелсман по мечот ја објасни целата ситуација, а повеќе од јасно е дека вината треба да се бара кај четвртиот судија на натпреварот.

„Сабицер се подготвуваше да влезе во игра, кога Толисо мораше да истрча до соблекуваланта, мислам дека мораше да оди во тоалет. Судијата го забележа и можеби помисли дека тој излегува, но потоа бројот што го покажа за измената беше сосема погрешен. Коман не виде број 11 за да се упати надвор од теренот, ние имавме точно играчи на теренот и играта продолжи. Кога Толисо се врати, стана очигледно дека има проблем, а ВАР-судиите го анализираа случајот и на крајот играта продолжи“, прокоментира стратегот на Баерн Минхен.

Се вчитува...