Толку беше: Месина си замина!

Еторе Месина не е повеќе претседател на кошаркарските операции на Олимпија, објави клубот од Милано.

Во 2019 година, Месина (66) беше назначен за тренер и претседател на кошаркарските операции на миланскиот клуб.

Сепак, тој се повлече од функцијата тренер на Олимпија во ноември 2025 година, но ја задржа позицијата претседател на кошаркарските операции.

„На крајот од продуктивната соработка што траеше седум сезони, Олимпија сака да му се заблагодари на Месина за неговата работа и за придонесот што му овозможи на клубот да расте и на теренот и надвор од него, на техничко и организациско ниво“, се наведува во соопштението за медиумите на Олимпија.

„Под водство на Месина, Олимпија освои три титули во Серија А, два италијански купа и три Суперкупа, а во 2021 година, по 29 години, учествуваше на Ф4 во Евролигата. Поради сè тоа, Месина ќе заземе истакнато место во историјата на клубот“, се додава во соопштението за медиумите на миланскиот клуб.

Се вчитува...