Толку беше од вардарки!

Победата против Металург и новата титула во Купот на Македонија го означи карајот на ѕвездениот тим на ЖРК Вардар. „Црвено-црните“ со многу европски ѕвезди во составот во изминатите шест години беа неприкосновени во македонскиот женски ракомет и релевантен фактор на европска сцена со пет настапи на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Во Европа ѕвездениот Вардар не го оствари сонот и не стигна до шампионската титула до која најблиску беше во двете последни финалиња на ЛШ. Тука практично беше и крај пред крајот на ЗРК Вардар.

На домашна сцена „црвено-црните“ во изминативе години немаа достоен противник. Ја освоија шампионската титула, а со само десет ракометарки во составот, славеа двоцифрени победи и во завршницата од Купот, прво против Пелистер, а потоа и во финалето против Металург.

Толку од шампионски Вардар! Од следната сезона и „црвено-црните“ се враќаат во македонскиот просек.

На овој фајналфор турнир од Купот на Македонија сосема заслужено и сите индивидуални признанија заминаа во рацете на „црвено-црните“, Сара Ристовска беше избрана за МВП, Јована Мицевска за најдобар голман, а Теа Керамичиева за најдобар стрелец на фајналфор турнирот.

 

Се вчитува...