Том Брејди објави: Ќе играм уште една година, но не во Њу Ингланд

Том Брејди и дефинитивно стави крај на својата авантура во дресот на Њу Ингланд, откако легендарниот квотербек објави дека во новата сезона нема да настапува за „патриотите“.

Тој одигра девет супербоул-финалиња, стигна до шест пехари во НФЛ-лигата и се здоби со место во историјата како еден од најдобрите играчи на сите времиња. Сепак, по разочарувачката сезона во која тимот беше елиминиран во раната фаза од плејофот Брејди, тој се реши кариерата да ја заврши во нов клуб.

Брејди, кој во август ќе наполни 43 години, преку писмо објавено на своите профили на социјалните мрежи, се прости од клубот во кои доживеа блескави моменти.

Главен фаворит за потпис со ветеранот е тимот на Тампа Беј, а интерес за негов ангажман покажаа и Мајами и Лас Вегас.

Се вчитува...