Томас Вокап го напушти Олимпијакос

Томас Вокап повеќе не е кошаркар на Олимпијакос, откако кариерата ќе ја продолжи во Дубаи. Клубот од Пиреја ја потврди разделбата со објава на Инстаграм, при што се прости од американскиот бек со грчки пасош и му се заблагодари за се што придонесе во црвено-белиот дрес.

Со ова заврши повеќенеделната трансфер-сага во која Дубаи се обидуваше да го ангажира Вокап, иако тој имаше важечки договор со Олимпијакос до летото 2027 година.

Грчкиот клуб претходно одби неколку понуди, додека Вокап писмено побара раскинување на договорот и не се појави на почетокот на подготовките. Како резултат на тоа, Олимпијакос покрена дисциплинска постапка против играчот, а Евролигата отвори постапка против Дубаи поради можни недозволени преговори со кошаркар кој имал важечки договор.

Двете страни на крајот најдоа решение, па Вокап ќе стане ново засилување на тимот предводен од Чави Пасквал.

Триесет и тригодишниот плејмејкер пристигна во Олимпијакос во 2021 година од Жалгирис и во текот на пет сезони стана еден од најважните играчи на тимот. Со клубот од Пиреја, тој освои титула во Евролигата, три грчки првенства, три национални купа и четири Суперкупа.

Се вчитува...