Томе Китановски заработи скршеница на раката, паузира околу еден месец

Дефанзивецот на Струга Трим Лум, Томе Китановски денеска заработи сериозна повреда за време на натпреварот со Брегалница. Тој по еден дуел, незгодно падна и доби скршеница во пределот на подлактицата.

Во вторник на Китановски ќе му биде направен и оперативен зафат, а според првите прогнози ќе треба да паузира околу еден месец.

„Заработив скршеница на раката, и во вторник ќе правам операција. Се надевам дека ќе биде се како што треба, и брзо ќе се вратам на терените. Повредите се дел од фудбалот, и мора да го прифатиме тоа“, ни изјави Китановски.

Денешниот дуел во Струга помеѓу домашниот тим и Брегалница заврши без победник 1-1.

Се вчитува...